Апел од Розовиот Пикник: Потребна е скрининг програма за рано откривање на рак на дојка

Апел од Розовиот Пикник: Потребна е скрининг програма за рано откривање на рак на дојка

„Во овој момент во Македонија задолжителна скрининг програма не постои и тоа е навистина проблем“, беше речено на денешниот Розов Пикник вкој се одржа во Градскиот Парк – Скопје, кај Школката. Оваа година настанот се одвива под мотото „Силни сме кога сме заедно“ и учесниците нагласија дека со него сакаат да ја испратат пораката до сите оние кои се лекуваат во моментот, дека ги поддржуваат помладите жени, бидејќи здравствена култура во нашата држава е на многу ниско ниво.

„Имаме многу работа. Се уште немаме направено исчекори во промените и во здравствениот систем и во Законот за здравствена заштита и во скрининг програмите и во позитивната листа па дури и во начинот на кој што онкологија е организирана, односно дисперзијата. Доброто е што оваа година имавме некакви чекори напред, посебно за пациентките со рак на дојка, коишто оваа година ја добија нивната хормнската терапија во аптеките блиску до домовите. Успеавме да вклучиме во лекувањето уште една група на пациенти со триплнегатив канцер коишто имаат генетски зависен карцином. Овие пациентки кои не се повеќе од педесетина исто така оваа година за првпат добија терапија што може да ја подигаат на Клиниката за онкологија, рече Ама Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО.

Од организацијата нагласуваат дека ќе работат уште поактивно за да се подобрат лекувањето, превенцијата и рехабилитацијата на пациентите болни од рак. 

„Во овој момент во Македонија задолжителна скрининг програма не постои и тоа е навистина проблем. Ние веќе преговараме оваа скрининг програма да стане облигаторна за сите граѓани од 40 до 69 години, исто така да стане облигаторна за матичните лекари, односно тие да ја водат грижата за своите пациентки. Се преговара со тимовите од радиологија да се изнајдат доволно термини“, рече Марјановиќ. 

Настанот на кој имаше пациентки и од Гостивар, Ресен, Виница, Струмица, Свети Николе е во организација на ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели со поддршка на Mediсus Help.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни