Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со претежно влажни коловози, информира АМСМ. На патот од село Лисец кон Попова Шапка има мали остатоци од снег, додека на правецот Крива Паланка – Деве Баир врнежи од снег засега не се задржуваат.
Намалена видливост поради магла е регистрирана на планинските премини:
- Плетвар – 30 метри
- Ѓавато – 100 метри
- Крушево – 40 метри
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да бидат внимателни, особено низ котлини, речни долини и клисури каде постои ризик од одрони. Посебна претпазливост се препорачува на патните правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сезонскиот режим на сообраќај предвидува затворање на патот Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица до 31 март 2026 година.
Од АМСМ потсетуваат дека законската обврска за зимска опрема е во сила од 15 ноември 2025 до 15 март 2026 година.
