АП: Полицијата предизвика хаос на протестите во Нови Сад

Американската агенција АП јавува дека полицијата користела солзавец и сила против мирни демонстранти во Нови Сад кои барале слободни избори.

Американската новинска агенција „Асошиетед прес“ денес известува за хаосот на протестите во Нови Сад, Србија, кој според нејзина проценка бил предизвикан од полицијата.

Агенцијата прецизира дека полицијата, вооружена со пендреци и опрема за разбивање протести, фрлала солзавец и јуришала врз илјадници мирни демонстранти кои барале фер избори и правда, по месеци протести против авторитарното владеење на претседателот Александар Вучиќ.

АП известува дека на улиците на Нови Сад се забележани амбулантни возила, а центарот на вечерниот протест било универзитетското здание кое пред повеќе од една недела го презеле лојалисти на Вучиќ и полицијата.

Според агенцијата, демонстрантите извикувале: „Сакаме избори“ и „Вучиќ, замини!“, и најавиле дека ќе ја бранат автономијата на Универзитетот.Во извештајот се вели дека полицајци со штитови во почетокот ги чувале некои од универзитетските објекти, но подоцна пристигнале засилувања со возила за разбивање протести, по што започнал маршот врз демонстрантите.

Улиците биле обвиени со солзавец и чад од шок бомби и бакли, додека полицијата ги потиснувала демонстрантите подалеку од универзитетскиот кампус.„Брзата интервенција на полицијата го отсликува се поагресивниот одговор на Вучиќ кон протестите,“ пишува АП, додавајќи дека претседателот одбива да распише предвремени парламентарни избори, што е главно барање на демонстрантите.

АП потсетува дека Вучиќ вели дека сака Србија да влезе во Европската Унија, но истовремено ги нарекува демонстрантите терористи кои, според него, се обидуваат да го симнат од власт со помош на Западот.

Американската агенција нагласува дека Вучиќ неделава присуствувал на собир во Кина, каде биле и претседателите на Русија, Кина, Северна Кореја, Белорусија и Иран.АП додава дека студентите се клучна сила зад националните протести, кои бараат слободни медиуми, предвремени избори и одговорност за уривањето на кровната конструкција во Нови Сад.

„Десетици универзитетски професори, декани и наставници од средни училишта се отпуштени во последните месеци како дел од владините мерки против поддржувачите на студентите,“ пренесува АП, додавајќи дека тие се заменети со лојалисти на Вучиќп.

Агенцијата заклучува дека Вучиќ не нуди докази за неговите тврдења дека протестите се предизвикани од странство, додека за време на демонстрациите десетици студенти и други граѓани биле уапсени и претепани, што ја засилило меѓународната критика кон неговата власт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни