Анџелина Џоли и Бред Пит ќе бидат во ист хотел во Венеција, но прават напори да не се сретнат

Фото: Chrisa Hickey, CC BY 3.0, via Wikimedia Commons

Бред Пит и Анџелина Џоли ќе престојуваат во ист хотел за време на Филмскиот фестивал во Венеција, каде што актерката ќе го промовира нејзиниот филм „Мариа“, за Мариа Калас, а Бред Пит филмот „Волци“.

Поради нивните правни битки тие нема да бидат на фестивалот заедно. Како што пишуваат западните медиуми, се прават напори за да се избегне двајцата актери да се сретнат, иако престојуваат во истиот хотел – Циприани.

По нивното разделување пред осум години, Џоли и Пит успеваа да не се појавуваат на исти настани во Холивуд. Џоли, која живее во Лос Анџелес со нејзините шест деца, најчесто ги избегнуваше црвените килими.

Откако нивниот син Пакс имаше сообраќајна несреќа неодамна, медиумите известија, дека Пит не можел да стапи во контакт со него.

„Како татко тој би сакал да оди во болницата или да му се јави. Се обиде многу пати, но децата не му се јавуваат. Неговите раце се врзани“ изјави извор близок до актерот за Дејли Мејл.

Децата на парот се повеќе се дистанцираат од Пит, а дел од нив веќе и го бришат презимето од нивните официјални имиња.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни