Антропик мери колку ВИ може да те замени – програмерите се на врвот на листата

Компанијата зад Claude гради систем за рано предупредување за евентуален бран на невработеност кај „белите јаки” – засега без алармантни бројки, но со јасно предупредување

Антропик, компанијата зад Claude, најави изградба на економски индекс кој ќе следи дали и колку вештачката интелигенција ги уништува работните места. Иницијативата доаѓа од самата компанија чија технологија е во центарот на дебатата.

Зошто сега?

Економистите Максим Масенкоф и Питер Мекрори, кои го развиваат индексот, го образложуваат времето вака: „Со поставување на оваа основа сега, пред да се појават значајни ефекти, се надеваме дека идните наоди ќе ги идентификуваат економските пореметувања поверодостојно отколку постхок анализите.” Со други зборови – подобро е да имаш мерен инструмент пред да удри бранот, отколку да го склопуваш кога е доцна.

Кој е најизложен?

Индексот рангира занимања според тоа колкав дел од нивните задачи може да ги изврши јазичен модел. Програмерите предводат листата со 75% покриеност на задачи. Зад нив следат претставниците за услуги на клиенти, операторите за внес на податоци и специјалистите за медицинска документација. На спротивниот крај – готвачи, спасувачи, миачи на чинии – занимања каде физичкото присуство е незаменливо.

Бројките засега не алармираат

Работниците во „најизложените” категории сè уште не стануваат невработени по повисоки стапки од останатите. Постои „сугестивен доказ” дека вработувањето на помладите работници – особено помеѓу 22 и 25 години – се забавило во изложените сектори, што укажува дека влезните позиции за сега ги апсорбираат најголемиот дел од притисокот.

Паралела со Кина

Масенкоф го споредува моментот со „кинескиот шок” од почетокот на 2000-тите, кога увозот ги уништуваше американски производствени работни места, но тоа стана јасно во статистиката дури по неколку години. Моралот: ефектите може веќе да се случуваат, само сè уште не ги гледаме.

Што следи?

Разликата помеѓу тековната и потенцијалната изложеност на ВИ е, според самите истражувачи, „огромна”. Индексот ќе биде најкорисен во моменти кога ефектите ќе бидат „нејасни” – на пример, кога трговски војни или рецесија ќе ги замаглат вистинските причини за пораст на невработеноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни