Антропик го претстави Klod Opus 4.5 – најмоќниот модел на компанијата досега

Компанијата за развој на вештачка интелигенција Anthropic го промовираше својот најнов и најнапреден АИ-модел – Klod Opus 4.5, кој носи значителни подобрувања во кодирањето, решавањето комплексни задачи и интелигентното користење дигитални алатки.

На официјалната веб-страница Anthropic наведува дека новиот модел е „понадарен, поефикасен и најдобриот во светот кога станува збор за кодирање, агентски системи и работа со компјутер“. Освен тоа, Opus 4.5 е подобрен и во секојдневните задачи како длабинско истражување, подготовка презентации и обработка табели.

Новитет е и интеграцијата со прелистувачот Chrome и Microsoft Excel, што значи дека Klod Opus 4.5 ќе биде многу поупотреблив во деловни и веб-средини. Екстензијата за Chrome ќе биде достапна за корисниците со претплата Max, а интеграцијата со Excel за Max, Team и Enterprise корисниците.

Anthropic дополнително ја надгради меморијата на моделот, што овозможува таканаречени „бесконечни разговори“ без прекини – моделот автоматски ги компресира постарите делови од разговорот за да обезбеди подобар континуитет при сложени долгорочни задачи, пренесува TechCrunch.

Со Opus 4.5, Anthropic директно конкурира на Google Gemini 3 и OpenAI GPT-5.1, кои исто така беа претставени во ноември.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни