Антонио Форчоне и неговиот квартет во големата сала на Македонската филхармонија

Антонио Форчоне е повеќекратно наградуван музичар, со најпрестижните светски музички награди како гитарист и композитор.

Големиот мајстор на гитарата, Антонио Форчоне и неговиот квартет ќе настапат на 24.5.2025 во големата сала на Македонската филхармонија. Антонио Форчоне е повеќекратно наградуван музичар, со најпрестижните светски музички награди како гитарист и композитор.
Неговата дискографија брои 20-на извонредни албуми, некои од нив снимени со музички големини како Charlie Haden, Trilok Gurtu, Sarah Jane Morris и многу други. Долго време е заштитно лице на аудиофилскиот бренд Naim.
Неговото мајсторство на 6 /12 жичаните гитари како и на инструментот наречен оудан, а кој е изработен по негови сугестии во најпрестижните светски музички и гитарски часописи е обележан како „Настап на врвно мајсторство кој ја остава публиката без здив“.
Публиката во Скопје ќе присуствува на едно магично музичко патување, од Апенинскиот до Балканскиот полуостров, од заводливите бразилски ноти до богатата ритмика на Африканскиот континент.
Картите се во продажба преку тикет сервисот: https://mktickets.mk/ и https://www.ecotiptickets.com/mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни