Книжевниот центар „Антолог“ со особена гордост го објавува своето учество на годинашниот Саем на книгата, кој се одржува од 18 до 24 април во Скопје. „Антолог” ве кани да се вклучите во највозбудливите книжевни настани, да не ги пропуштите неверојатните попусти и ексклузивните настани со најпознатите автори од Македонија, регионот и од Европа.
Издавачката куќа за овој саем на книга направи избор за сите вкусови и за сите џебови. Особено ги истакнуваат 12-те нови наслови кои излегуваат на првиот саемски ден, како и специјалната понуда која вклучува повеќе од 50 наслови по цена од само 150 денари, попустите до 60%, пакетите плати 5 одбери 6 и бесплатната достава за сметки над 1200 денари за сите оние кои не се во можност да го посетат саемот.
За повеќе детали за саемската понуда, сите заинтересирани можат да го прегледаат саемскиот водич на линкот https://rb.gy/60pdqc
„Во чест на нашата 25-годишнина, подготвени сме да ви го претставиме најголемиот избор на наслови, најинтересните настани и најпривлечните попусти. Со повеќе од 350 наслови, вклучувајќи ги и најновите книги на вашите омилени автори, нашиот штанд на Саемот ќе биде место каде што ќе ги задоволите сите ваши книжевни апетити“ велат од „Антолог“.
Од специјални настани и промоции се издвојува ексклузивниот настан со специјалниот гостин – шведскиот автор Андерс Рослунд кој ќе биде присутена на штандот на Антолог на 20 април во 12 часот.
Исто така, најавени се промоција на седум нови книги од македонски автори, меѓу кои и книгата за деца и млади од легендарниот Александар Кујунџиски со наслов „Со големо Д“. На четирите романи се потпишуваат: Мери Арсова – „Коски, пепел, чад“, Јордан Коцевски – „Тајни“, продолжение на „Тегли“, Анде Јанков – „Кобајаши Мару“ и Јован Илиески со продолжението на „Татко ми Босфор“ насловено како „Седум часот и педесет минути“. Од поетските збирки ќе бидат претставени Софија Добревска со нејзината поезија „Небо од стихови“ и Милчо Мисоски со „Зборови од хартија“.
Сите домашни автори-ексклузивци на „Антолог“ ќе потпишуваат заедно примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Антолог“ на годинешниот Саем на книга на 24 април со почеток од 13 часот.
За најмладите книгољупци од пет до седумгодишна возраст предвидена е креативна работилница инспирирана од книгата „Големата фабрика за зборови“ во склоп на проектот „Создадено во Европа“, која ќе ја води Ана Голејшка Џикова.
Покрај овие настани, „Антолог“ организира и неколку панел дискусии и тоа на многу важни теми за литературата и издаваштвото: Новата македонска жанровска литература (18 април од 17 ч.), Што (да) читаат нашите деца? Нови теми и приказни во книжевноста за деца (23 април од 12 ч.) и Преводи, преведувачи, преведувачки дилеми и награди (23 април од 17 ч.). На 19 април од 18.30 ч. пак, е закажан и разговор со писателот Маринко Кошчец (Хрватска). Настанот се реализира во соработка со издавачката куќа Готен, со поддршка на Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.
Од бестселерите и книжевните класици кои излегуваат специјално за саемот ќе ги пронајдете: „Магла и месечевина“ од Меша Селимовиќ, „Куќа на духови“ од Изабел Аљенде, „Плен“ од Ирса Сигурдардотир, интензивната трилер приказна „Само таа остана“ од Рајли Сејгер, и секако најновата сензација „Верувај ми“ од Андерс Рослунд.
Тимот на Антолог е предано посветен на промоција на книжевноста и културата во нашата заедница и токму затоа под слоганот „25 години Антолог е класика“ веќе 25 години наметнуваат нови стандарди во издаваштвото и литературата која се објавува.