„Антигона“ на Александар Морфов го отвори 20. издание на фестивалот „Стоби“

Со претставата претставата „Антигона“ од Жан Ануј и идеи и фрагменти од Софокле, Рој Хен и Александар Морфов, во режија на Александар Морфов и продукција на Драмскиот театар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија во Велешкиот театар беше отворено 20. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Под мотото „Нови манифести“ ќе бидат изведени девет претстави од нашата земја, Србија, Турција, Бугарија, Казахстан и од Грција.

Во рамките на фестивалот ќе бидат отворени три изложби на фотографии и мултимедиуми, ќе бидат реализирани четири работилници, панел-дискусија, а за секоја претстава во официјалната селекција ќе се одржи и тркалезна маса. Ќе биде промовирано и третото издание на традиционалната фестивалска публикација.

Традиционално ќе бидат доделени четири меѓународни награди: за најдобра женска улога, за најдобра машка улога, награда за најдобра режија и Гран при на фестивалот. ИФАД „Стоби“, што ќе трае до 20 октомври, се реализира со поддршка од Министерството за култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни