Античките Скити потекнувале од Сибир

Скитските сточари и воини кои освојувајле јавајќи коњи и ја населувале Централна Азија и Источна Европа пред околу 2.500 години, можеби имале културни корени неколку илјади километри на исток во Сибир, сугерира нова студија.

Остатоците од најмалку едно лице и 18 коњи пронајдени во гробница стара околу 2.800 години во јужен Сибир можеби потекнуваат од церемонија на жртвување во скитски стил за крал или друга елитна личност погребана таму, објавија археологот Џино Каспари и неговите колеги на 7 октомври во Antiquity. Артефактите пронајдени во гробницата Туннуг 1 вклучуваат бронзени делови од појасни украсени со стилизирани животни како оние во подоцнежната скитска уметност, опрема за јавање и метални и коскени врвови од стрели.

Луѓето во Тунуг 1 припаѓале на неидентификувано сточарско население, вели Каспари, од Институтот за геоантропологија Макс Планк во Јена, Германија.

„Културните карактеристики пронајдени на овој ран погреб станаа клучни за културата на Скитите многу подалеку на запад“. Тоа сугерира дека на Сибирците им биле потребни само неколку стотици години да се прошетаат на запад низ поголемиот дел од Азија, што влијаело на уметничките и погребните практики на Скитите во тој процес, велат истражувачите.

Откритијата на сибирскиот локалитет може да претставуваат остатоци од погребен ритуал како оној опишан од грчкиот историчар Херодот за починатите скитски кралеви во Евроазија, велат истражувачите. Во пишаниот извештај на Херодот, 50 жртвувани слуги на кралот биле качени на 50 жртвувани коњи. Мртвите се држеле на местото на гробницата на владетелот со колци пробиени низ нивните тела.

Лошото зачувување на откриените коски на сибирската локација го спречува откривањето на оригиналниот број луѓе и коњи на горната површина на тумбата. Но, остатоците од колците од бреза меѓу коските и артефактите на Туннуг 1 се усогласуваат со сценариото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни