Истражувачите во САД ги прегледале микробите на 1773 лица, анализирајќи 444.054 претходно идентификувани протеини за нивниот антибиотски потенцијал.
Од 78 ветувачки кандидати кои тимот ги синтетизирал и тестирал во лабораторија, 70,5 отсто од нив покажеле способност да се борат против микроби, како бактерии, што укажува дека во иднина може да се користат како антибиотици.
„Гледаме на биологијата како на извор на информации. Се е само код. Ако може да смислиме алгоритми кои може да го средат тој код, може драстично да го забрзаме откривањето на антибиотици“ вели Цезар де ла Фуенте од Универзитетот во Пенсилванија.
Еден од новооткриените протеини кој најмногу ветува е превотелин-2. Неговото влијание против бактериите е спроедливо со полимиксином Б, во моментов еден од водечките антибиотици во случаи против инфекции кои развиле отпорност на други лекови.
„Ова укажува дека копањето по човековите микроби во потрага по нови класи на антимикробски пептиди е ветувачки пат напред за експертите и лекарите, а особено за пациентите“ наведува Ејми Бат од Универзитетот Стенфорд.
Има уште многу работа додека не успееме да ги претвориме овие протеини во функционални антибиотици, но првичните резултати се ветувачки.
Експертите исто така велат дека откриените протеини не се градени како конвенционални антимикробски молекули, што би можело да отвори нови правци и да се развива оружје против супербактериите.
„Интересно е што овие молекули имаат поинаква структура од оние кои традиционални ги сметаме за антимикробски. Откриените соединенија формираат нова класа со уникатни својства кои можат да ни помогнат да ја разбереме и прошириме листата на антимикроби“, истакнува Марсело Торес од Универзитетот во Пенсилванија.
Конвенционалниот начин на развој на антибиотици бара многу време и напор, поради што Де ла Фуенте и неговите колеги бараат нови извори на антибиотици кои можат побрзо да се активираат.
Извор: РТС