Анти ЛГБТИ+ партија кандидира лезбејка оженета за мигрантка за канцеларка на Германија

Следните федерални избори во Германија се закажани за септември идната година, а Алис Вајдел е веројатно кандидатката која ќе се бори да стане канцеларка од ултра-десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД).
Фото: Olaf Kosinsky, CC BY-SA 3.0 DE, via Wikimedia Commons

Двајцата ко-лидери на АФД, Тино Чурпала и Алис Вајдел се согласиле дека Вајдел ќе биде кандидатката за канцеларка. Ваквиот договор не значи дека нејзината кандидатура е потврдена, бидејќи таа сепак ќе треба да добие и поддршка од партиските членови во март следната година.

Вајдел е економистка и е ко-лидерка на АФД од 2019 година. Претходно оваа година, таа доби поддршка од 79,8 отсто од нејзините сопартијци за да остане на таа улога.

Родена во западниот германски град Гутерсло, Вајдел е член на екстремно десничарската партија од 2013 година и член на извршниот комитет од 2015 година. Таа стана пратеник во Бундестагот по сојузните избори во 2017 година.

Во 2017 година, 45-годишната жена стана првата жена лезбејка како главен кандидат на нејзината партија. Таа е во граѓанска заедница со нејзината партнерка, која е од Шри Ланка и живее во Швајцарија. Тие имаат две посвоени деца.

Вајдел своето време го дели меѓу Германија и Швајцарија, но претходно изјави дека главно живее во Германија.

Откако беше основана пред една деценија, АФД порасна и стана значајна сила во политичкиот пејзаж на Германија. Првично основана како евроскептична партија, таа стана порадикална и се фокусираше на прашања како што е имиграцијата.

АФД постигна големи придобивки на изборите за Европскиот парламент во јуни, како и на три неодамнешни државни избори, дури и се појави како најголема партија во источната покраина Тирингија.

Мејнстрим партиите во Германија, како што се Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц и Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на поранешната канцеларка Ангела Меркел, одбија да влезат во владини коалиции со АФД. Тоа значи дека нејзините шанси да биде дел од идната влада или да ја добие канцеларската функција се мали.

На национално ниво, АфД моментално има поддршка меѓу 17 и 20 отсто, на второто место зад ЦДУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни