Девет од десет Европејци се загрижени за својата приватност и би биле поподготвени да прифатат технологија со вештачка интелигенција (AI) доколку знаат дека нивните податоци се безбедни, покажува нова анкета спроведена од Samsung Electronics.
Овие податоци доаѓаат во момент кога технолошките компании се натпреваруваат да интегрираат AI во своите уреди – Apple неодамна најави ажурирања вклучително и вграден AI во паметниот часовник за подобро следење на здравјето.
Страв од користење податоци
Собирањето интернет податоци е една од најконтроверзните теми во развојот на AI. Компании како OpenAI тврдат дека целиот онлајн контент треба да се користи за тренирање на AI модели – што предизвика тужби поврзани со авторски права и злоупотреба на лични податоци.
Анкетата откри дека загриженоста за приватноста е разновидна и вклучува: Страв од измами, користење на метаподатоци за идентификација на луѓе.75% од испитаниците изјавиле дека управувањето со податоци е стресно
Најзагрижени земји во Европа
Шпанија – 88% од граѓаните чувствуваат стрес поради дигиталната приватност. Во Грција процентот е 87% а Франција и Италија – по 75%
Потрошувачите се воздржуваат од користење на AI
Иако речиси 50% од испитаниците секојдневно размислуваат за безбедноста на паметните телефони, повеќе од една третина никогаш не размислувале за безбедноста на паметните уреди дома, како што се: роботски правосмукалки, паметни фрижидери и паметни телевизори и термостати
18% од испитаниците одбиваат да споделуваат податоци меѓу уредите, токму поради безбедносни грижи – што ги спречува да ја искористат целосната функционалност на технологијата.
На саемот CES 2025, Samsung објави планови за целосно поврзување на домашните уреди, каде на пример правосмукалката би се активирала автоматски по користење на фен за коса.
Изјава од Samsung
„Ова истражување покажува растечки тренд: додека потрошувачите активно управуваат со приватноста на своите паметни телефони, често го занемаруваат поширокиот екосистем на поврзани уреди,“ изјави д-р Сеунгвон Шин, корпоративен потпретседател и раководител на тимот за безбедност во Samsung Electronics.
„Анкетата исто така открива дека има воздржаност за целосно прифаќање на AI искуства – најмногу поради неизвесност околу користењето на личните податоци.“
Анкетата е спроведена во април 2025 со повеќе од 8.000 учесници од: Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Холандија, Хрватска и Грција.