Соединетите Американски Држави се соочуваат со значителна промена во јавното мислење кон Израел, покажува ново истражување. Според анкета на Pew Research Center, околу 60% од Американците имаат неповолно мислење за Израел, што претставува зголемување од 20 процентни поени во споредба со 2022 година.
Околу 30% од испитаниците изјавиле дека имаат „многу неповолно“ мислење, а овој удел се зголемил трипати во последните четири години. Истражувањето е спроведено врз околу 3.500 возрасни лица во САД кон крајот на минатиот месец, само неколку недели по почетокот на американско-израелскиот конфликт против Иран.
Податоците укажуваат на растечки негативен став кон Израел во американската јавност, додека истовремено се забележува зголемена симпатија кон Палестинците. Анкетата открива и силна политичка поделба. Околу 80% од поддржувачите на Демократска партија имаат неповолно мислење за Израел, во споредба со 40% кај поддржувачите на Републиканска партија.
Особено се издвојуваат младите демократски гласачи – речиси половина од оние под 50 години изјавиле дека имаат „многу неповолно“ мислење за Израел.