Ања Чалотра се збогува со „The Witcher“: „Морам да се одвојам од овој свет за да продолжам понатаму“

По седум години снимање на една од најгледаните фантастични серии на Нетфликс, Ања Чалотра актерката која го толкуваше ликот на Јенифер од Венгерберг го заврши своето патување во „The Witcher“.

Во интервју за The Guardian, Чалотра откри дека снимањето на последната сцена било исполнето со емоции и солзи, додавајќи дека е тешко да се раздели од проектот кој ѝ го промени животот.

„Вчера ја завршив последната сцена. Плачев многу. Осум месеци годишно, седум години по ред овие луѓе станаа моја втора фамилија,“ изјави таа.

Чалотра ја доби улогата во 2018 година, кога имаше само 23 години, а нејзината трансформација од непозната актерка до една од највпечатливите фигури на екранот беше метеорска.
„Гледав многу Боливуд како дете. Сакав да разберам различни култури и луѓе,“ вели Чалотра, чиј татко е од Индија, а мајка ѝ од Велика Британија.

Во текот на првата сезона, актерката се соочи со бран критики и расистички напади на интернет, бидејќи дел од фан-базата ја нападна поради нејзиното потекло.
„Ги исклучив социјалните мрежи. Првата сезона беше тешка, имаше многу негативност. Ова ми беше една од првите улоги, и тоа ме погоди. Мораш да научиш да се одделиш од сè тоа,“ искрено признава.Во последните две сезони, продукцијата се соочи со голема промена заминувањето на Хенри Кавил, кој го играше Гералт, од Ривија. Неговото место го презеде Лиам Хемсворт, кого Чалотра го пофали како „впечатлив и емпатичен“.
„Не сакавме да му биде тешко. Сите се обидовме да создадеме простор за него. Тој природно се вклопи,“ вели актерката.

Иако „The Witcher“ ќе заврши со четвртата сезона, таа смета дека тоа е совршен крај: „Ова е приказна што ќе заврши целосно, а не на половина. Публиката заслужува тоа.“

„Јенифер е во мене, но време е да ја пуштам“

Чалотра откри дека снимањето често било исцрпувачко, со по осум месеци интензивна работа годишно. „Секој ден се враќав дома и само сакав да ја ‘исперам’ Јенифер од себе. Толку е силен лик што мораш да најдеш начин да се одвоиш,“ раскажува таа.

Иако не откри детали за новите проекти, познато е дека ќе се појави во трилерот „Two Neighbors“ заедно со Рејф Ајнсон и Хлое Черри од серијата „Euphoria“.

Со насмевка вели дека, иако проекти има многу, моментално најмногу ѝ треба одмор и „повторно поврзување со природата“.
„Јенифер секогаш ќе биде дел од мене. Но ова не е крај, туку нов почеток,“ заклучува Чалотра.

Четвртата и последна сезона на „The Witcher“ ќе пристигне на Netflix на 30 октомври.

Извор: The Guardian

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни