Англија ќе биде првата земја на светот која ќе започне со масовна вакцинација против полово преносивата инфекција на гонореја, но како што пренесуваат британските медиуми, вакцината нема да биде достапна за сите.
Фокус ќе биде ставен најмногу на геј и бисексуални мажи кои имаат повеќе сексуални партнери и историја на заболување од полово преносиви болести, пренесува Би-Би-Си (BBC).
Во 2023 година забележани се повеќе од 85.000 случаи на гонореја, што е најголем број од 1918 година, кога започнале официјалните евиденции за оваа болест.
Инфекцијата гонореја често не покажува симптоми, но болните можат да чувствуваат болка, а болеста може да предизвика воспаление на гениталиите и неплодност. Како што наведуваат од Националната здравствена служба на Англија, вакцината е ефикасна од 30 до 40 проценти, а не може точно да се предвиди колку луѓе ќе се одлучат за вакцинација.