Анѓелковиќ со мрачна исповед: Го направив тоа бидејќи ме нервираат шаторите

Во центарот на Белград утрово се случил шокантен инцидент пред зградата на Народното собрание, кога 70-годишниот Владан Анѓелковиќ подметнал пожар во кампот „Ќациленд“ и потоа пукал во Милан Богдановиќ, еден од учесниците во протестниот камп.

Според српските медиуми, напаѓачот бил брзо уапсен и при сослушувањето изјавил дека „го нервирале шаторите и заземањето на центарот на градот“ и дека пукал со цел полицијата да го убие.

„Го направив тоа затоа што ме нервираат шаторите. Сакав полицијата да ме застрела, затоа што повеќе не можам да живеам,“ изјавил Анѓелковиќ по апсењето.

Имал дозволено оружје

Како што соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ, напаѓачот поседувал регистрирано огнено оружје од 1993 година, пиштол марка „Црвена застава М99“, а во 2018 година регистрирал уште едно трофејно оружје – пиштол „Мелиор“. Анѓелковиќ е пензиониран од 2009 година, а пред тоа бил вработен во Државната безбедност, каде работел 16 години.

Детали за нападот

Осомничениот изјавил дека во Француска улица наполнил канта со бензин, потоа дошол пред парламентот и го полеал кампот, по што пукал неколку куршуми кон запалениот бензин, а потоа и во правец на Богдановиќ.

„Не сакав никого да повредам, само мислев дека полицијата ќе ме упука,“ рекол Анѓелковиќ, додавајќи дека нема психијатриски третман и се смета за ментално здрав.

Жртвата во стабилна состојба

Ранетиот Милан Богдановиќ (57) е татко на две деца и, според информациите, не е судски осудуван. Неговата состојба е стабилна, а нападот предизвика голема вознемиреност кај учесниците во кампот и во јавноста.

Реакција на државниот врв

Претседателот Александар Вучиќ го нарече инцидентот „ужасен терористички напад врз други лица и туѓ имот“ и најави дека ќе се спроведе темелна истрага.

„Кој ќе ѝ објасни на неговата ќерка дека татко ѝ бил застрелан само затоа што сакал таа да учи и да заврши факултет,“ рече Вучиќ во своето обраќање.

Полицијата го задржува осомничениот во притвор, а обвинителството ќе отвори постапка за обид за убиство и предизвикување општа опасност.

Извор: Srpskainfo

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни