Ангела Несторовска од Sektor Film- е дел од 25-тото издание на „ProducersOnTheMove“

Ангела Несторовска од „Sektor Film“ е дел од овогодинешното 25-то издание на „ProducersOnTheMove“ кое ќе се одржува пред и за време на Festival de Cannes од14 до 25 мај.

20 од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа за промоција и вмрежување на European Film Promotion, која оваа година слави бројни соработики со повеќе од 500 учесници од 37 европски земји.

Angela Nestorovska станува дел од Sektor Film во 2005 година и има продуцирано филмови како „Почва“ на Алекс Цветков, „Насоки“ на Стефан Командарев кој е селектиран на Un Certain Regard во 2017 на Festival de Cannes, ко-продуцент е на „Via Carpatia“ на Klara Kochańska и Kasper Bajon и се натпреваруваат во Karlovy Vary International Film Festival во 2018, неодамна беше ко-продуцент на дебитантскиот долгометражен филм на Asimina Proedrou „Зад стоговите сено“, а моментално е во пост-продукциска фаза на „Момчето со светло сини очи“ на Танасис Неофотистос. Покрај тоа, Ангела е во пред-продукција на „Потстанар“ во режија на Marko Gjokovik, а во развој е на „A Bear for Comrade Kim“ на Ангел Апостолски. 

Покрај Ангела, на оваа листа на #ProducersOnTheMove се најдоа и: Katharina Posch – Австрија,Elisa Heene – Белгија, Kalin Kalinov – Бугарија, Tibor Keser – Хрватска, Tonia Mishiali – Кипар, Kristýna Michálek Květová – Чешка, Lina Flint – Данска,Delphine Schmit – Франција,Fabian Driehorst – Германија, Maria Kontogianni – Грција, Sara Nassim – Исланд, Evan Horan – Ирска,Giedrė Žickytė – Литванија, Katarzyna Ozga – Луксембург, Anita Rehoff Larsen – Норвешка, Isabel Machado – Португалија, Dragana Jovović – Србија, Wanda Adamík Hrycová – Словачка и Eva Åkergren – Шведска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни