Андријана Цветковиќ иницијатор на нова натпреварувачка категорија за филмови креирани од женски режисери на 37. Токиски интернационален филмски фестивал (TIFF)

Оваа година по прв пат ќе биде лансирана нова натпреварувачка категорија посветена на филмови креирани од женски режисери и фокусирани на приказни во кои главна улога имаат жените

На 37. Токиски интернационален филмски фестивал (TIFF) што ќе се одржи од 28 октомври до 6 ноември, оваа година по прв пат ќе биде лансирана нова натпреварувачка категорија посветена на филмови креирани од женски режисери и фокусирани на приказни во кои главна улога имаат жените. На чело на оваа иницијатива е д-р Андријана Цветковиќ, македонска жена лидер во полето на дипломатијата, претприемништвото и кинематографијата.

Таа моментално служи како специјален советник на министерот за култура на Јапонија, Шун Токура, што дополнително го зацврстува нејзиниот статус како клучна фигура во креирањето на фестивалските политики и дискурсот на културната дипломатија. 

Извор EУ за Култура

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни