Бабиш, милијардер и поранешен премиер, веќе преговара со десничарската евроскептична партија „Мотористи“ и со крајнодесната партија СПД. Заедно, овие три партии би обезбедиле 108 пратеници од вкупно 200 во долниот дом на парламентот, што им овозможува стабилно мнозинство, пренесува агенцијата Hina.
Новата влада, според првичните најави, ќе се фокусира на поголема буџетска потрошувачка, намалена поддршка за Украина и построга политика кон миграцијата и климатските мерки на Европската унија, што претставува остар зафат од курсот на досегашната влада на премиерот Петар Фијала.
Бабиш на социјалната мрежа X објави дека очекува владата да биде формирана до средината на декември, додавајќи дека преговорите за коалицискиот договор се во завршна фаза.
Со враќањето на Бабиш на чело на чешката влада, земјата влегува во нов политички период што би можел значително да ја промени нејзината надворешна и европска политика.
Извор: N1info.rs