Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Веста за неговата смрт Телма ја дознава од неговото семејство.
Исто така музичарот Филип Стевановски од Куманово- придружен член на дуото ДНК загинал во пожарот што ја зафати дискотеката „ Пулс“ во Кочани, јавува штипската телевизија Тв Стар. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор , а магистрирал jazz музика. Работеше во Државниот музички училишен центар „ Сергеј Михајлов“ во Штип, велат од Тв Стар.
Во несреќата загинал и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица и фотографот Александар Ефремов.
Преостанатиот члена на ДНК, Панчо, неофицијлно е во тешка состојба.