Холивудската актерка Анџелина Џоли бара од својот поранешен сопруг Бред Пит надомест од 33.000 долари, кои ги потрошила на адвокати и судски трошоци за време на нивниот осумгодишен бракоразводен процес, за, како што вели, да не биде принудена да ги објави нивните приватни пораки.
Џоли доставила поднесок до судот во Лос Анџелес, во кој тврди дека Пит ѝ се „свети“ и бара надоместок поради тоа што тој барал од неа да потпише договор за доверливост, пренесува RTS.
Познати под прекарот „Бранџелина“, двојката се запозна на снимањето на филмот Господин и госпоѓа Смит во 2005 година, се венчаа во 2014, а Џоли поднесе барање за развод во 2016 година. Бракот официјално беше завршен во 2024 година, поради „непомирливи разлики“ и поделба на старателството над шесте деца.
„Сметам дека тој договор за доверливост не беше потребен. Јас не поднесов тужба, ниту јавно зборував за настаните кои доведоа до крајот на нашиот брак. Во изминатите пет години не сум рекла ниту збор, ниту сум ги коментирала постапките на Бред Пит. Како мајка на нашите деца и жена која се залага за жртвите на насилство ширум светот, неговото барање го доживувам како длабоко болно“, изјави Џоли.
Судски процес за француската винарница
Џоли и Пит беа заеднички сопственици на имот во Франција вреден околу 25 милиони долари. Пред четири години, Џоли го продаде својот удел на руски олигарх, по што Пит ја тужеше, тврдејќи дека со тоа го прекршила нивниот договор – продавајќи без негова дозвола.
Парот сè уште води судска постапка за сопственоста над винарницата Шато Миравал во Франција.
„Винарницата во Франција беше една од нашите први заеднички инвестиции. Токму таму се венчавме, таму го поминав дел од бременоста, а нашите близнаци ги донесовме таму по раѓањето“, рече Анџелина Џоли.