Анди Исмаили е име кое не само што одекнува во светот на танцот, туку инспирира и промени во општеството. Петкратен шампион во танц, тој со својата посветеност, труд и страст успева да ги надмине сите предизвици и да ги руши предрасудите со кои се соочува секој ден.
„Мислам дека мојот начин на размислување ми помага да ги игнорирам сите негативни коментари. Сè зависи од тоа каде сум јас во животот, и каде се тие. Најтешкиот дел е што мораш да се справиш со куп навреди и коментари, но со време стануваш посилен“, вели Анди.
За него, најважен е умот. Пред големи натпревари, се опкружува со најблиските, пријатели и семејство, за да ја добие потребната мотивација. „Потоа другата половина е лесна — само треба многу да веруваш во себе“, додава тој.
Анди има освоено златен медал во Хрватска во 2023 година, а неговите емоции тогаш биле неизбришливи. „Тоа ми го промени животот. И беше прекрасно чувство, бидејќи таму луѓето навистина ме сакаат. Се сеќавам, на аеродромот ми приоѓаа луѓе и сакаа да се фотографираат со мене. Тоа ми значеше многу“, раскажува тој.

Една од неговите специјални изведби, на песната на Адел „Skyfall“, ја остави публиката без здив. Иако сцената беше полна со сложени пируети и вртења, Анди ја надмина својата првична неизвесност и со многу труд се избори за финалето. „Многу се борев во полуфиналето за да стигнам до финалето. И тоа го направив — стигнав до финалето“, се присетува тој.
„Сакам пируети, вртења. Вртења. Да, сакам да се вртам“, вели Анди, покажувајќи ја својата љубов кон танцот, но и кон животот исполнет со храброст и инспирација.

Анди Исмаили е доказ дека со вера во себе, посветеност и храброст може да се рушат бариерите и да се менуваат предрасудите.
Инспирирани од кампањата „Направи Место“ на Македонски Телеком, ги надминуваме предрасудите и ги рушиме бариерите.


