Анди Исмаили – Македонецот кој ја освои светската сцена на модерен танц!

Анди Исмаили од Македонија го освои златниот медал и стана светски шампион во модерен танц на престижниот натпревар одржан во Киелце, Полска. Во конкуренција од 72 танчери од целиот свет, Анди блесна со својата извонредна изведба и го подигна македонското знаме на врвот.

Неговиот триумф го објавија од танчерското студио „Studio Break a Leg“, каде што Анди членува:
„Анди Исмаили – Светски Шампион! Во конкуренција од 72 танчери! Браво Анди!“

Покрај златниот медал, Анди ја воодушеви публиката и со исполнување на македонската химна веднаш по добивањето на наградата, носејќи гордост и чест за својата земја.

Овој историски успех претставува огромен поттик за сите млади таленти во Македонија кои сонуваат за големи успеси на меѓународната сцена.

Браво, Анди! Македонската гордост блесна на глобалната сцена!

Насловна фотографија: Studio Break a Leg

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни