Андалузија под вода: Рекордни дождови потопија Севиља и Хуелва, прогласен црвен аларм (видео)

Рекордни врнежи предизвикаа поплави во Севиља и Хуелва. Торнадо во Гибралеон и стотици спасувања во историски најсилната бура во Андалузија

Западниот дел на Андалузија го погоди вистински хаос откако регионот беа зафатени од рекордни дождови, поплави и силни бури.
Шпанската метеоролошка агенција AEMET прогласи црвен аларм за покраината Хуелва, додека Севиља и внатрешните области беа под помал степен на тревога.

Во средата рано наутро, за само еден час наврнале 60 милиметри дожд, а за 12 часа повеќе од 120 мм – количина која метеоролозите ја опишуваат како најинтензивна есенска бура во поновата историја. Ненадејниот судир меѓу атлантскиот фронт и влажниот воздух над Кадискиот залив предизвика вистинско невреме.

Торнадо и пустош во Гибралеон

Во градот Гибралеон, северно од Хуелва, се верува дека торнадо предизвикало уништување на улиците. Видеа објавени на интернет прикажуваат разурнати тераси, срушени кровови и растурени делови од објекти. Сведоци велат дека „ветерот урлаше низ градот“ и оставил зад себе сцени како по катастрофа.

Историски дождови во Севиља

Севиља во средата забележа најголеми врнежи во својата историја – токму на првата годишнина од трагичната бура DANA, која во Валенсија однесе повеќе од 200 животи.
Од полноќ до 15 часот паднале 115 мм дожд, а на врвот на бурата дури 25 мм за само еден час. Градот бил потопен под вода, улиците и подземните гаражи непроодни, а сообраќајот целосно парализиран.

Метеоролозите потврдија дека е срушен рекордот од 109,3 мм од 1997 година. Во болницата Virgen Macarena се случиле поплави во ходниците, а персоналот ги преместувал пациентите додека водата истекувала од плафоните.

Драматични спасувања и критики кон властите

Во Севиља биле извршени повеќе од 600 итни интервенции, со 228 пријавени инциденти, меѓу кои спасување возачи и пешаци заробени во водата.
Еден жител бил снимен како носел постар човек на грб низ поплавата, сцена што стана вирусен симбол на човечноста во катастрофата.

Иако градот бил под вода со часови, властите задржале само „портокалов аларм“, што предизвика бран гнев и критики. Опозициските партии и граѓаните ја обвинија локалната власт за неспремност и лошо планирање.

„Севиља се сруши под дождот – улици, училишта и болници под вода. Сè поради негрижа и пропусти“, изјави советничката Сусана Хорниљо.

Последици и предупредувања

Градските власти потврдија дека за само еден час Севиља примила 20% од годишната количина на врнежи.
Затворени се паркови, гробишта и училишта, а активиран е план за вонредни состојби.

За многу жители, оваа поплава не е само природна катастрофа – туку потсетник на човечките грешки и слабата превенција, точно една година по трагедијата во Валенсија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни