Анатoмија на муралот, Илинден 1903 на Борко Лазески во Музејот на македонската борба

Музејот на македонската борба за самостојност во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН во пресрет на најголемиот национален празник 2 Август, кога се одбележува 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, темелникот на македонската државност, ја поставува изложбата Анатoмија на муралот, Илинден 1903, Борко Лазески.

Свеченото отворање на изложбата е утре со почеток во 19.30 часот.

„Претставуваме селекција од досега неизложувани 24 оригинални скици и цртежи од македонскиот уметник Борко Лазески, врз основа на кои е изработена познатата фреска Илинден 1903“ велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни