Жири-комисијата, составена од проф. д-р Зорица Николовска, Јана Михајловска и Владимир Јанковски, ја истакна прецизноста и лојалноста на преводот кон оригиналното дело, нагласувајќи дека Ѓурчинова мајсторски ги пренесува стилските и јазични нијанси на македонски јазик, што го прави текстот природен и лесен за читање.
Покрај Ѓурчинова, во финалето за наградата беа и Ѓоко Здравески за „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, Екатерина Бабамова за „Градот на победата“ од Салман Ружди, Елисавета Поповска за „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин.
Наградата „Драги“ е основана во 2022 година, во чест на Драги Михајловски, со цел да се поттикне квалитетот на преводите на македонски јазик. Интернационалната награда оваа година му припадна на германскиот преведувач Бенјамин Лангер, за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски.