Земјиte ширум Европа пријавуваат појава на мистериозни дронови над чувствителни објекти – аеродроми, воени бази и електрани. Повеќе аеродроми беа затворени, а стравот расте: дали станува збор за организирана операција и треба ли Европа да се плаши? BBC направи анализа на состојбата.
Иако дроновите се суштински дел од војната во Украина, каде руските летала со експлозив секоја вечер го напаѓаат Киев, западноевропските држави се соочуваат со сосема поинаква закана – неворужени, анонимни дронови кои кружат околу важни инфраструктурни точки.
Сомнежите водат кон Русија
Во Полска, Белгија, Данска, Норвешка, Литванија и Германија последните месеци се забележани ненајавени дронови, а во Полска во септември дури 20 дрона ја преминале границата и предизвикале затворање на четири аеродроми.
НАТО подигна авиони, дел од дроновите биле соборени, а остатоците се најдени во повеќе региони.
Западните разузнавачки служби веруваат дека Русија користи посредници во Европа за лансирање мали цивилни дронови со цел: предизвикување хаос, тестирање на реакциите на НАТО и собирање информации околу воени и енергетски капацитети.
Белгија е особено чувствителна, бидејќи таму се седиштата на НАТО, Европската унија и Евроклир, а токму таму е замрзната руска имотна вредност од 200 милијарди евра.
Дали Европа гради „ѕид од дронови“?
По серијата инциденти, повеќе држави промовираат идеја за паневропски „ѕид од дронови“ – интегриран систем од радари, сензори, оружја и електронски средства за заштита од беспилотни летала.
ЕУ и НАТО очекуваат првите елементи да бидат оперативни до крајот на 2027 година.
Но експертите предупредуваат:
- таков систем не може да биде 100% непрооден,
- покривање илјадници километри е екстремно скапо,
- државите имаат и други приоритети (морнарица, ракети, кибербезбедност).
Зошто дроновите се толку опасни?
Иако повеќето од мистериозните дронови не носат експлозив, тие претставуваат ризик затоа што можат да предизвикаат судир со авион, можат да снимат и надгледуваат чувствителни локациии можат да послужат како проба за поголеми операции во иднина.
Експертите објаснуваат дека откривањето на дронови бара комбинација од акустични сензори, оптика, инфрацрвена детекција, радари со краток и долг домет, а некои дори бараат и laserski или проектили за нивно соборување.
Нова трка во вооружувањето
Како што државите развиваат нови методи за одбрана, така брзо се појавуваат нови, понапредни дронови. Според експертите, ова е „хипер-брза трка во технологија“.
Некои аналитичари дури предупредуваат дека поголем ефект би имало таргетирање на изворот, односно местата од каде се лансираат дроновите – но таков потег би бил опасно ескалаторен и би можел да доведе до директен судир со Русија.
Засега, Европа се обидува да создаде одбранбена мрежа и да ја зајакне безбедноста без да направи чекор кој би ја внел НАТО во отворен конфликт.
