Анџелина Џоли ќе ја игра Зара во филмската адаптација на книгата „Анксиозни луѓе“

Фото: Gage Skidmore

Американската актерка Анџелина Џоли ќе ја игра улогата на Зара во филмската адаптација на книгата „Анксиозни луѓе“ од Фредерик Бекман, објави денес „Дедлајн“.

Бекман, авторот на романот „Човек наречен Уве“, ја сподели веста на својот Инстаграм профил, изразувајќи го своето задоволство од учеството на Џоли во проектот.

„Можноста да ја предадам (Зара) на Анџелина Џоли, која има длабочина и ширина како актерка што не можам да ја споредам со ништо друго, е еден од најголемите белези во мојата кариера“, рече Бекман.

Режисер ќе биде Марк Форестер, кој ја режираше и американската адаптација на „Човек наречен Уве“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни