Но, таа толку многу ја сакала улогата што му кажала на режисерот Пабло Ларен тоа што тој сакал да го чуе.
Кога режисерот ја прашал дали знае да пее, Анџелина не се двоумела да одговори, иако, по сопствено признание, никогаш не пеела.
„Никогаш не сум пеела. Некој еднаш ми рече дека не можам да пеам, малку се потсмеваше и тоа целосно ме блокираше“, изјави таа за Variety.
Таа исто така додаде: „Никому не кажав, но тоа е дел од мене што само го потиснав. Кога Пабло ме праша дали можам да пеам, јас излажав“.
„Се разбира, никој не може да пее како Марија Калас. Никој. Но, ќе дадам се од себе“, се увери таа.
Анџелина признала дека на почетокот мислела дека ќе може да се „провлече“ во сцените со пеење, но се се променило кога ги започнала првите часови со професорка по пеење.
Таа за магазинот „Бест“ откри дека на почетокот направила грешка мислејќи дека ќе биде лесно.
„Многу брзо сфатив дека оперското пеење не може да се лажира. Не сакав да се преправам дека пеам“, рече таа.
Првиот час по музика бил емотивен.
„Кога наставникот ми рече: ‘Добро, застанете цврсто на нозе, дишете длабоко и почнете да испуштате звуци’, почнав да плачам“, се сеќава Анџелина.
Анџелина, која има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, истакнува дека забележала напредок и во реакциите на нејзините деца.
„На почетокот беа горди затоа што се обидував, но по некое време почнаа да велат ‘Мамо, навистина ти оди добро’“, додаде таа.