АМСМ: Влажни патишта и магла на планинските превои, нема задржување на граничните премини

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ

Во нашата држава сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. АМСМ информира дека на планинските премини Ѓавато и Буково има врнежи од снег но дека сообраќајот се одвоива без задржување на коловозот. Од таму предупредуваат дека возачите треба да бидат претпазливи поради магла на планинските превои бидејќи видливоста изнесува до 50м. Појава на магла има на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м.

Од 15.11.2025 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

АМСМ информира и дека интензитетот на сообраќајоит на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Автомото сојузот на Македонија препорачуваат возачите да возат со прилагодена брзина, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни