АМСМ: Отежнат сообраќајот поради снегот, забрана за тешки товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово

зимската опрема во возилата е задолжителна

Поради врнежи од снег забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово, информира АМСМ.

Утрово во 07:50 часот нормализиран е сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид – Кичево, односно планинскиот превој Пресека и обратно.

Потсетување дека зимската опрема во возилата е задолжителна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни