Американската министерка за правда и воедно главен државен обвинител, Пам Бонди, вчера отпушти уште девет вработени во Министерството за правда, кои работеа за специјалниот советник Џек Смит, кој го истражуваше Доналд Трамп за задржување на доверливи документи и неговите напори да побара преглед на изборите во 2020 година, јавија британските медиуми.

Најмалку двајца од отпуштените беа обвинители кои неодамна работеле во обвинителства во Флорида и Северна Каролина, изјавија три извори.
Другите седум отпуштени беа помошен персонал во тимот на Смит.
Министерството за правда уште од јануари отстранува персонал кој работел на случаи во кои се вклучени претседателот Трамп или неговите поддржувачи.
Четиринаесет обвинители кои работеа во тимот на Смит беа отпуштени на 27 јануари поради работа на случаи против Трамп.
Вклучувајќи ги вчерашните отпуштања, најмалку 26 лица кои работеа во тимот на Смит се отпуштени откако Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари, забележаат британските медиуми.
Во последните месеци, Министерството за правда, исто така, отпушти луѓе кои работеа на случаите на обвинетите во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.