Американските научници „оживеаа” вид на волк кој изумрел пред 12.500 години

Страшниот волк, Aenocyon dirus, кој служел како инспирација за серијата на HBO „Игра на престоли“, бил грабливец кој некогаш скитал низ Северна Америка. Страшните волци биле поголеми од сивите волци и имале нешто поширока глава, густа светла длака и посилна вилица, наведува компанијата.


Вид на волк кој изумрел пред околу 12.500 години прв пат во историјата беше оживеан во лабораторија, објави биотехнолошката компанија Colossal Biosciences со седиште во Далас.

Научниците од Colossal создадоа три млади волци користејќи древна ДНК, клонирање и технологија за уредување на гени, со кои ги променија гените на сивиот волк – најблискиот жив роднина на претпастниот страшен волк, објави компанијата. Резултатот е хибриден вид која изгледа слично на својот изумрен предок.

Страшниот волк, Aenocyon dirus, кој служел како инспирација за серијата на HBO „Игра на престоли“, бил грабливец кој некогаш скитал низ Северна Америка. Страшните волци биле поголеми од сивите волци и имале нешто поширока глава, густа светла длака и посилна вилица, наведува компанијата.

Colossal од 2021 година работи на оживување на мамутот, птицата додо и тасманскиот тигар, но до сега не зборувале јавно за волците.

„Ова големо достигнување е прв пример кој покажува дека нашиот сеопфатен систем за деекстинкција функционира“, изјави Бен Лам, коосновач и главен извршен директор на Colossal, во соопштение за јавноста.

„Нашиот тим зема ДНК од 13.000 години стара заби и 72.000 години стара череп и создаде здрави потомци на страшниот волк.“

Трите страшни волци се наоѓаат на локација од 800 хектари на место кое не е познато за јавноста, оградено со ограда висока три метра, каде што ги надгледуваат безбедносен персонал, дронови и камери.

Користејќи древна ДНК од два фосила на страшен волк, научниците од Colossal и нивните соработници успеале да состават два високо квалитетни генома на видот Aenocyon dirus – комплетни скови на генетски податоци.

Истражувачите ги измениле клетките на сивиот волк. Направиле 20 измени на 14 гена пред да ги клонираат клеточните линии и да ги пренесат во јајни клетки на донори, се наведува во соопштението.

„Здравите ембриони во развој потоа биле пренесени на сурогат-материци“, наведува компанијата во соопштението. Компанијата потврдила за CNN дека како сурогати биле користени домашни кучиња.

Два машки страшни вука се родени на 1. октомври 2024 година, а женката на 30. јануари 2025, наведува Colossal Biosciences.

Colossal од своето основање во септември 2021 година собра најмалку 435 милиони долари, кога Лам и генетичарот од Харвард Џорџ Черч ја започнаа компанијата со цел да го оживеат мамутот. Овој проект беше забавен во однос на почетните прогнози, а компанијата сега наведува дека ги очекува првите младенци на мамутот во 2028 година.

Colossal се надева дека истите технологии што беа користени за создавање на страшниот волк ќе помогнат и за заштитата на загрозените видови. Компанијата објави дека создала две легла на клонирани црвени воци– најзагрозениот вид на волк – користејќи нова, помалку инвазивна метода на клонирање развиена за време на работата на страшните волци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни