Американските берзи во пад, технолошкиот сектор под притисок

На американските берзи денес е забележан благ пад, додека технолошките компании Meta и Apple губат пазарна вредност. Одбранбениот сектор расте по предлогот за воен буџет од 1,5 трилиони долари.

На денешното отворање на американските берзи е забележан благ пад на индексите, главно поради послабите резултати во технолошкиот сектор.

Индексот Dow Jones порасна за 57 поени (0,1%), додека S&P 500 падна за 0,1%, а Nasdaq ослабе за 0,6%, пренесува CNBC.

Технолошките компании Meta и Apple изгубија околу еден процент од пазарната вредност, додека Oracle, важен играч во областа на вештачката интелигенција, падна за повеќе од два проценти. Овие резултати негативно влијаеја на поширокиот пазар.

Од друга страна, одбранбениот сектор бележи значителен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи воен буџет од 1,5 трилиони долари за 2027 година, што претставува големо зголемување во однос на 901 милијарда долари одобрени за 2026 година.

Конкретно, Northrop порасна за повеќе од 10%, Lockheed Martin за околу 1%, RTX за повеќе од 5%, додека Kratos Defense забележа раст од 17%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни