Вредностите на американските акции денеска повторно пораснаа, што го продолжи позитивниот тренд поради ублажувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина.
По отворањето на американските берзи утрово, индексот Дау Џонс порасна за 171 поен или 0,4 проценти од својата вредност, S&P 500 за 0,7 проценти, а Nasdaq за 1,4 проценти.
Акциите на технолошкиот гигант Нвидија (Nvidia) денеска скокнаа за повеќе од пет проценти, а пазарната вредност на компанијата Мета се зголеми за повеќе од два проценти, исто и за Нетфликс и Амазон.