Американските астронаути по девет месеци се вратија дома

Вилмор и Вилијамс заминаа на МВС лани во јуни – како прв екипаж на вселенското летало „Боинг старлајнер“, и како дел од првично предвидената осумдневна пробна мисија. Но, поради технички проблеми со нивното вселенско летало, нивната мисија на МВС беше продолжена и тие останаа таму девет месеци.

Санита – Сани Вилијамс и Бери – Буч Вилмор официјално се дома. Американските астронаути безбедно се вратија на Земјата, вчера доцна вечерта, по продолжениот деветмесечен престој во вселената. Нивното патување назад се реализираше во склоп на соработката на заедничка екипа на НАСА и „Спејс-Икс“ во склоп на која се однесоа четворица нови астронаути – две жени од Соединетите Американски Држави, и по еден космонаут од Јапонија и Русија, на Меѓународната вселенска станица на 16 март, за да ги заменат двајцата што заминуваа.

Сани (59) и Буч (62) се качија на капсулата „Драгон“ (Dragon), и ракетата „Кру-10“ (Crew Dragon) на „Спејс-Икс“ (SpaceX), заедно со другиот астронаут на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, и слетаа во водата близу брегот на Флорида, по нивното 17-часовно патување. 


Вилмор и Вилијамс заминаа на МВС лани во јуни – како прв екипаж на вселенското летало „Боинг старлајнер“, и како дел од првично предвидената осумдневна пробна мисија. Но, поради технички проблеми со нивното вселенско летало, нивната мисија на МВС беше продолжена и тие останаа таму девет месеци.

Следат медицински прегледи пред на вратените космонаути да им биде дозволено да се вратат и кај своите семејства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни