Во извештаите се наведува дека средбата се случила „во момент на затегнати односи меѓу Ватикан и Вашингтон“ поради антиимиграциските мерки кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп и намалувањето на меѓународната помош, пренесува Скај Њуз.
Џеј Ди Венс, кој е во Рим со своето семејство, се сретна и со вториот човек на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, како и со министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер.
Ватикан соопшти дека имало „размена на мислења“ за меѓународните конфликти, мигрантите и затворениците.
Се оценува дека двете страни имале „срдечни разговори“, а Ватикан изразил задоволство од посветеноста на американската администрација за заштита на слободата на вероисповед и совест.
Папата Франциск неодамна ги нарече „срамни“ плановите на Трамп за спроведување масовни депортации.