Американскиот Фед ги задржа референтните каматни стапки на ниво меѓу 3,5 и 3,75 отсто

Фед, исто така, ќе објави нови прогнози за економскиот раст, инфлацијата и каматните стапки за наредните години, познати како Резиме на економски проекции.

Американските Федерални резерви (Фед) ја задржаа референтната каматна стапка во распон од 3,5 до 3,75 отсто, при што креаторите на монетарната политика нагласија дека влијанијата од војната во Иран се „неизвесни“, пренесе CNBC.

Фед, исто така, ќе објави нови прогнози за економскиот раст, инфлацијата и каматните стапки за наредните години, познати како Резиме на економски проекции.

Индексот на Франкфуртската берза DAX денеска во 9:30 часот порасна за 0,62 отсто, на 23.878,76 поени, францускиот CAC 40 за 0,76 отсто, на 8.032,76 поени, британскиот FTSE 100 за 0,27 отсто, на 10.434,21 поен, а московскиот MOEX за 0,37 отсто, на 2.864,17 поени.

Цената на суровата нафта падна за 4,32 отсто, на 93,913 долари по барел, а нафтата Brent за 1,2 отсто, на 102,171 долар по барел.

Претседателот на американските Федерални резерви, Џером Пауел, изјави на прес-конференција по повод одлуката за каматните стапки дека американските потрошувачи засега го виделе само „врвот на ледениот брег“ кога станува збор за царините, пренесува CNN.

Тој додаде дека може да поминат меѓу девет месеци и една година додека повисоките цени предизвикани од царините целосно не се прелеат кај потрошувачите. Претседателот на Фед смета дека ќе дојде до еднократно зголемување на цените, а не до синџирна реакција што би довела до постојан раст. Кога ефектите целосно ќе се почувствуваат, добрата вест е дека темпото на раст на цените ќе почне да забавува, рече тој.

Пауел истакна и дека не е „ни приближно загрижен за стагфлација“.

„Терминот стагфлација би го користел само за многу посериозни околности. Тоа не е ситуацијата во која се наоѓаме во моментов“, изјави тој.

Тој порача дека централната банка е цврсто фокусирана на намалување на инфлацијата на целното ниво од два отсто. Пауел додаде дека Фед во последните години се соочува со низа инфлаторни шокови, вклучувајќи ја пандемијата, воведувањето царини, како и најновиот раст на цените на нафтата предизвикан од тековната војна со Иран.

„Поминаа пет години и имавме шок од царини, пандемија, а сега имаме и енергетски шок со одредена големина и времетраење. Не знаеме каков ќе биде“, рече Пауел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни