Американскиот долар падна на најниско ниво во последните три години

Американскиот долар падна на најниското ниво во последните три години што го привлече вниманието на инвеститорите и аналитичарите.

За американските компании кои увезуваат стоки од странство тоа дополнително ја влошува состојбата бидејќи покрај царините, сега е поскап и увозот поради послабиот долар. Традиционално, во време на пазарна нестабилност, доларот беше сигурно средство и неговата вредност обично растеше, но тоа не е случај сега.

Доларот зајакна по пандемијата бидејќи економскиот раст на САД беше релативно силен. Повторно скокна минатата есен, со надеж дека Трамп би можел да го продолжи трендот. Меѓутоа, со воведувањето на царините се смени пресметката. Аналитичарите сега се повеќе очекуваат слабеење на американскиот раст.

Царините, исто така, предизвикаа политички тензии и нагло зголемување на каматните стапки што ги бараат инвеститорите за државниот долг на САД. Ова ги поттикна шпекулациите дека падот на доларот може да сигнализира пошироко оддалечување од инвестициите во САД, а можеби дури и напуштање на доларот како водечка резервна валута во светот.

„Ова значи дека инвеститорите генерално се загрижени за американските средства“, вели Џон Канаван, главен аналитичар во Oxford Economics.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни