Американски судија пресуди дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп мора итно да организира враќање на околу 137 Венецуелци кои беа депортирани во Ел Салвадор и затворени во таа средноамериканска држава поради наводни врски со криминални банди, извести Bloomberg News.
Луѓето беа депортирани во март во затвор во Ел Салвадор согласно Законот за странски непријатели.
Судот истакна дека нивното отстранување ја крши нивната права на правичен судски процес и дека тие имаат право да се вратат пред суд за да ја оспорат депортацијата.
Американскиот окружен судија Џејмс Боасберг пресуди дека администрацијата на Трамп мора да поднесе план со кој ќе се овозможи нивниот повраток во рок од две недели.