Американски разузнавачи: Целта на Путин е цела Украина и делови од Европа

Според тврдењата на шест извори запознаени со податоците од американските разузнавачки служби, воените цели на Путин остануваат непроменети

Американските разузнавачки агенции предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин има намера да ја преземе цела Украина и да ги врати деловите од Европа што некогаш му припаѓаа на Советскиот Сојуз, и покрај тековните мировни преговори.

Според тврдењата на шест извори запознаени со податоците од американските разузнавачки служби, воените цели на Путин остануваат непроменети, што е во остра спротивност со пораките на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите преговарачи кои тврдат дека Путин сака крај на конфликтот, пишува Ројтерс .

Најновите извештаи, од кои последниот датира од крајот на септември, се спротивни на изјавите на рускиот лидер, кој негира дека претставува закана за Европа. Проценките на американските служби се конзистентни од почетокот на инвазијата во 2022 година и се совпаѓаат со ставовите на европските лидери, кои исто така веруваат дека Путин сака контрола врз цела Украина и териториите на поранешните членки на советскиот блок, вклучително и некои членки на НАТО.

„Разузнавањето отсекогаш велеше дека Путин сака повеќе“, изјави за Ројтерс Мајк Квигли, демократ во Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом. „Европејците се убедени во тоа. Полјаците се апсолутно убедени во тоа. Балтичките земји мислат дека се први.“

Путин освои 20% од Украина. Трамп: Мировниот договор е поблиску од кога било

Во моментов, Русија контролира околу 20% од украинската територија. Путин ги смета сите четири анектирани покраини – Луганск, Донецк, Запорожје и Херсон – како и Крим за руска територија. Како дел од предложениот мировен договор, Трамп врши притисок врз Киев да ги повлече своите сили од малиот дел од Донецк што сè уште го контролира, што украинскиот претседател Володимир Зеленски и повеќето Украинци го отфрлаат.

Од друга страна, Белата куќа вели дека е постигнат огромен напредок. „Тимот на претседателот постигна огромен напредок во завршувањето на војната“, а Трамп рече дека мировниот договор е „поблиску од кога било досега“, рече функционерот. Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање, ЦИА и руската амбасада не ги коментираа обвинувањата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни