Американскиот носач на авиони USS „Gerald R. Ford“ денеска го помина Гибралтарскиот теснец и влезе во Средоземното Море, како дел од одлуката на претседателот Доналд Трамп да распореди втор носач во регионот поради растечките тензии со Иран.
Бродот, кој претходно беше стациониран во Карипското Море и важи за најголем носач на авиони во светот, треба да му се приклучи на USS „Abraham Lincoln“, кој веќе е распоредeн на Блискиот Исток.
Трамп претходно изјави дека разгледува можност за ограничен воен удар врз Иран, со цел да изврши притисок во контекст на преговорите за нуклеарната програма на Техеран. Тој не даде дополнителни детали за потенцијалните чекори.
Засилено воено присуство
Во услови на зголемена неизвесност, САД значително го проширија своето воено присуство. Под командата на EUCOM, во Европа се распоредени повеќе од 100 ловечки авиони (F-35, F-15, F-16 и F-22), поддржани од над 75 воздушни танкери.
Паралелно, CENTCOM управува со повеќе од 110 борбени авиони на Блискиот Исток, вклучително и летала за рано предупредување E-3 и E-11, како и A-10 и U-2. Носачот USS „Gerald R. Ford“ носи повеќе од 50 палубни летала, додека „Abraham Lincoln“ е опремен со F-35 и F/A-18 системи.
Американските сили, според официјалните информации, се во постојано движење и заземаат стратешки позиции низ регионот, додека дипломатските напори продолжуваат, но тензичната реторика меѓу Вашингтон и Техеран останува присутна.