Како што објави „Гардијан“, американската компанија соопшти дека се надева дека првиот волнен мамут ќе се роди до крајот на 2028 година и дека во нивниот план за оживување на мамутите со генетска модификација на слоновите, моментално работат на создавање генетски модифициран волнен глушец, во што успеале.
Ко-основачот и извршен директор на „Colossal“, Бен Лам, рече дека тимот ги проучувал геномите на древните мамути и ги споредувал со геномите на азиските слонови за да разбере како тие се разликуваат, и веќе започнал со уредување на геномите на клетките на азиските слонови.
Тој додаде дека истражувачкиот тим успеал да создаде здрави, генетски модифицирани глувци кои имаат карактеристики какви што сакале научниците, вклучувајќи волнено крзно.
„Тоа не забрзува ништо, но тоа е огромна потврдна точка“, рече Лам.
Во истражувањето, кое сè уште не е рецензирано, тимот користел голем број техники за уредување на геном за генетски модифицирање на оплодените јајца од глувче или модифицирање на ембрионски матични клетки од глувче и нивно инјектирање во ембриони на глувци, пред да ги имплантираат во сурогати.
Два таргетирани гени кај глувците, за кои се смета дека придонеле за растот на волненото крзно, биле пронајдени и кај мамутите, а промените што ги направиле истражувачите биле дизајнирани да ги направат гените на глувчето повеќе слични на гените на мамутите.