Американски A-10 се урна кај Ормускиот Теснец

Падот на американскиот борбен авион доаѓа во момент на опасна ескалација во регионот, а околностите за инцидентот сè уште не се целосно расчистени.

Американски јуришен авион A-10 Warthog се урнал во близина на Ормускиот Теснец, во екот на ескалацијата меѓу САД и Иран. Според Reuters и AP, пилотот бил спасен, но американските власти засега не излегоа со целосна официјална верзија за причината за падот, додека иранските државни медиуми тврдат дека авионот бил погоден од нивната противвоздушна одбрана.

Иранските државни медиуми тврдат дека нивната ПВО го погодила A-10, но западните извори засега се повнимателни. AP наведува дека Пентагон потврдил дека бил известен за соборено или погодено летало, без да изнесе дополнителни детали.

Падот на A-10 не се третира како изолиран инцидент, туку како дел од многу поширока и поопасна ескалација. Светските медиуми известија дека истиот ден бил соборен и американски F-15E над Иран, при што еден член на екипажот бил спасен, а по другиот се уште се трага.

A-10 Warthog е еден од најпрепознатливите американски борбени авиони, создаден за блиска воздушна поддршка и напади врз оклопни цели, поради што често го нарекуваат „убиец на тенкови“. Military Times потсетува дека во последниот период овој тип авион имал зголемена улога во операции поврзани со контролата на поморските зони и заканите во близина на Ормускиот Теснец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни