Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот: Две лица загинаа

Американската војска изврши нов напад врз брод во источниот Пацифик како дел од кампањата против трговијата со дрога. Во акцијата загинаа две лица, а била обезбедена и поддршка од Еквадор.

Американската војска соопшти дека во текот на изминатата ноќ, по средноевропско време, извршила напад врз уште еден брод во источниот дел на Пацификот, при што загинале две лица, објави агенцијата Ројтерс.

Информацијата беше објавена на социјалната мрежа X од страна на американската администрација, со што се потврдува продолжувањето на кампањата на претседателот Доналд Трамп насочена кон спречување на шверцот на дрога кон Соединетите Американски Држави.

Според американските власти, нападнатиот брод бил вклучен во активности за криумчарење наркотични средства. Во соопштението се наведува дека акцијата била изведена со техничка поддршка од Центарот за координација на поморско спасување на Еквадор.

Од крајот на 2025 година, американската војска, според сопствени податоци, усмртила речиси 100 лица поврзани со шверц на дрога преку поморски рути. Во 2026 година, бројот на вакви напади врз бродови е нешто намален, но операциите против трговијата со дрога продолжуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни