Американската војска во средата соопшти, а пренесува Ројтерс, дека извела смртоносен напад врз еден брод во источниот дел на Тихиот Океан, при што биле убиени четири лица.
„Разузнавачките служби потврдија дека нападнатиот брод се движел по позната рута за шверц на наркотици во источниот Пацифик и дека бил вклучен во операции за криумчарење“, соопшти Американската јужна команда во објава на социјалната мрежа X.
Овој напад е продолжение на кампањата што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се запре дотокот на дрога кон Соединетите Американски Држави.
На почетокот на оваа недела, американската војска извела уште три слични напади на истото подрачје, при што биле убиени осум лица. Според досегашните информации, во овие операции досега се убиени близу сто осомничени криумчари на дрога
