„Покрај овозможувањето анонимни заканувачки телефонски повици, овие уреди можат да се користат за извршување низа телекомуникациски напади. Ова вклучува оневозможување на антените за мобилни телефони, овозможување напади со одбивање на услуга и олеснување на анонимна и шифрирана комуникација помеѓу потенцијално злонамерни актери и криминални организации“, соопшти американската Тајна служба.

Исто така се наведува дека Тајната служба запленила електронски уреди кои се наоѓале во радиус од приближно 50 километри од комплексот згради во центарот на Њујорк, каде се наоѓа седиштето на ОН.
„Со оглед на времето, местото и потенцијалот за значителни телекомуникациски прекини во Њујорк, агенцијата брзо реагираше за да ја демонтира таа мрежа“, се наведува во соопштението.
Предвидено е денеска американскиот претседател Доналд Трамп да се обрати пред ГС на ОН.