Американската војска вчера објави дека погодила брод во источниот Пацифик, при што загинале тројца мажи.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се пофали со успехот во уништувањето на бродови за кои се сомнева дека се занимавале со трговија со дрога во областа.
Војската во објава на мрежата X соопшти дека бродот „бил вклучен во операции за трговија со наркотици“.
Веќе извесен период американската армија спроведува операции, за како што вели, уништување на бродови кои пренесуваат дрога кон САД