Националното јавно радио (National Public Radio) и три јавни радиостаници во Колорадо поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради извршна наредба за укинување на финансирањето на јавното радиодифузно работење.
Извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп против Ен-Пи-Ар и јавниот радиодифузен сервис Пи-Би-Ес, која им забранува користење на средствата доделени од Конгресот од почетокот на овој месец, претставува кршење на Првиот амандман, наведоа од Ен-Пи-Ар.
„Намерата не може да биде појасна, извршната наредба има за цел да го казни Ен-Пи-Ар за вести и други програми што не му се допаѓаат на претседателот“, изјави извршната директорка на радиото, Кетрин Махер.